Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо го следи примерот на неговиот агент Жорж Мендеш, кој почна со набавка на медицинска опрема за да им помогне на болниците во Португалија.
Европа со недели се бори со пандемијата на Ковид-19 и познатиот агент реши да набави 200.000 индивидуални заштитни комплети, а сака да купи и 50.000 маски.
„АС“ објави дека Мендеш со својата инцијатива натерал и неколку свои фудбалери да помогнат, а еден од нив е Роналдо.
„Мендеш нарача и три респиратори, кои ќе служат во две држави на северот на Земјата“, соопштија од Португалија.
Роналдо е во моментов во татковината каде што стигна на почетокот на март, кога мајка му заврши во болница поради мозочен удар.