Португалецот пресече: Роналдо сака да замине од Манчестер јунајтед!

Кристијано Роналдо побарал од раководството на Манчестер јунајтед да го продадат ова лето ако пристигне пристојна понуда, објави специјалистот за трансферо Фабрицио Романо.

Легендарниот португалски фудбалер е подготвен да си замине од „Олд Трафорд“, а наводно причина за тоа се малите амбиции на премиерлигашот, кој не донесе соодветни засилувања со кои би можел следната сезона да се бори за титулата.

Роналдо е нетрпелив и не сака да остане во Манчестер, па побара да замине во клуб кој игра во Лигата на шампиони (ЛШ).

Во претходниот период интерес за Роналдо покажаа Челси и Баерн Минхен, но потоа двата клуба ја отфрлија можноста да тргнат по неговиот потпис.