Португалец понуден на Реал Мадрид за „само“ 60 милиони евра


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид оваа зима ќе се обиде да ја засили одбраната, а како прв избор на Флорентино Перез е талентираниот Гончало Инасио од Спортинг Лисабон кој чини околу 60 милиони евра.

„Кралевите“ во јануари ќе мора да се борат со неколку премиерлигаши, кои исто така се заинтересирани за потписот на Инасио.

Тренерот Карло Анчелоти нема многу избор на централната дефанзивна позиција, откако Едер Милитао се здоби со тешка повреда.

Инасио е еден од најважните фудбалери на Спортинг Лисабон, а минатото лето потпиша договор со клубот до 2027 година и ја зголеми неговата откупна клаузула од 45 на 60 милиони евра.

За потписот на талентираниот португласки фудбалер се заинтересирани и Ливерпул и Манчестер јунајтед.