„Португалија игра подобро без Роналдо“

Кристијано Роналдо добива жестоки критики од страна на јавноста поради неговиот однос на теренот, иако селекторот Фернандо Сантош кажа дека немал проблеми со него.

Португалија ќе игра в сабота против Мароко од 16 часот, а засега не е познато дали Роналдо ќе биде во првиот тим или повторно ќе остане на клупата за резерви.

На критиките се приклучи и 38-годишниот Фонте од Лил кој кажа дека Португалија игра подобро кога Роналдо не е на теренот.

„Португалија има квалитет, но мора да бидеме искрени. Присуството на Роналдо на теренот ги тера останатите да играат за него, а кога тој не е на теренот, тогаш играме подобро“, кажа Фонте.