Португалија ја растури Турција, Роналдо постави нов рекорд (Видео)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Португалија славеше со 3-0 против Турција во второто коло на Европското првенство (ЕП), а Кристијано Роналдо постави нов рекорд.

Во 21. минута по прекрасна акција од десната страна Бернардо Силва постигна гол за 1-0, а само седум минути Турците си постигнаа бизарен автогол.

Во второто полувреме Роналдо избегна офсајд замка и излезе сам пред голманот, па му асистираше на Фернандеш за конечни 3-0. Роналдо со асистенцијата до Фернандеш стана најдобар асистент во историјата на европските првенства.