Португалски навивачи со скриена порака удрија по УЕФА (ФОТО)


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Навивачите на португалскиот тим Гимараеш на навистина уникатен начин испратија порака до Европската фудбалска унија (УЕФА).

Гимараеш синоќа загуби од Ајнтрахт Франкфурт со 0-1, а навивачите на португалската екипа покажаа големо незадоволство затоа што УЕФА реши нивните дуели против Арсенал и Стандард Лиж да се играат порано од предвиденото.

Во португалскиот клуб се разочарани поради тоа, бидејќи тоа е термин кога многумина работат или одат во училиште, па се очекува помал број на гледачи.

На прв поглед, многумина не може да ја забележат тајната порака на одличната кореографија на Португалците, но доколку се погледне подобро, односно се забележат само буквите во жолта боја, тогаш се открива пораката, која гласи – УЕФА го у*ива фудбалот!