Португалски стратег ќе седне на кормилото на Манчестер јунајтед!?


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Англискиот гигант Манчестер јунајтед го отпушти Ерик Тен Хаг по лошиот старт на сезоната, а како негова замена се обидуваат да го ангажираат Рубен Аморим.

Аморим направи чуда со Спортинг Лисабон, па поради тоа премиерлигашот сака да го ангажира во најбрз можен рок.

Португалецот со екипата од Лисабон од 2020 освои неколку титули, меѓу кои две во домашниот шампионат.

Додека не седне Аморим на кормилото на „ѓаволите“, привремен тренер на клубот ќе биде легендарниот Руд Ван Нистелрој.