После Барнс и Богут уште еден кошаркар го напушти Голден Стејт


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бразилецот Леандро Барбоса договори 2-годишна соработка вредна 8 милиони долари со Феникс Санс.

33-годишниот Барбоса кога стигна во НБА прво потпиша за Феникс каде одигра 7 сезони и беше трејдуван во Торонто Репторс во 2010-та година. Тој се врати во НБА потоа само после 20 натпревари одиграни во бразилската лига.

Поранешниот шести играч минатите две сезони ги помина во Голден Стејт Вориорс. Во 2014-2015-та година освои НБА прстен, а оваа сезона беше вицешампион. Барбоса има учинок од 6.7 поени, 1.4 асистенции на 134 натпревари.