После големата победа во градското дерби, навивачите на Арсенал можат да се радуваат за уште една работа


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Арсенал забележа впечатлива победа во градското дерби против Тотенхем, совладувајќи го стариот ривал со резултат 4:1.

Иако големата победа против Спарс е сама по себе причина за славје, навивачите на Арсенал имаат уште еден мотив за радост. Клубот, според најновите информации, е многу блиску до склучување на нов долгорочен договор со една од своите најголеми ѕвезди – Букајо Сака.

Како што пренесува Фабрицио Романо, преговорите меѓу Арсенал и Сака влегле во финална фаза. Двете страни задоволно го привршуваат процесот кој треба да осигура дека талентираниот крилен напаѓач ќе остане во клубот до јуни 2030 година.

Сака веќе години наназад е еден од клучните играчи на тимот. Неговиот развој од академски дијамант во еден од најдобрите млади фудбалери во светот го следеле со гордост сите навивачи на Арсенал. Затоа, веста за скорото потпишување на новиот договор беше пречекана со големо воодушевување.