После Ковачиќ уште еден фудбалер на Реал заминува на позајмица?

Реал Мадрид најверојатно ќе испрати на позајмица ерден од своите најталентирани фудбалери.

Кралскиот клуб на позајмица ќе го испрати  на позајмица Матео Коваќиќ во редовите на Рома, а според пишувањата на шпанска Марка, решени се уште еден играч да го испратат на „калење“.

Во прашање е еден од најталентираните производи на школата на Реал Мадрид во последно време, Хесе Родригез.

За него нема место во тимот, покај ѕвезди како што се Роналдо, Бејл и Бензема, но нема сомневање дека многу клубови ширум Европа сакаат да го видат младиот Шпанец во своите редови.