После мундијалот, Меси заминува од Барселона! Еве каде ќе ја заврши кариерата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Потпретседателот на аргентинскиот клуб, Њуелс Олд Бојс, Кристијан Д’Амико изјави денес дека е уверен дека фудбалерот на Барселона, Лионел Меси ќе се врати во тој аргентински клуб после СП во Русија 2018-та година.

Меси ја почна кариерата во Њуелс Олд Бојс каде играше од 1994-та до 2000-та, па се пресели во Барселона.

„Мислам дека ќе имаме задоволство да го гледаме Меси во нашиот дрес. Замислете го Меси на нашиот стадион со светскиот медал.“

„Спознорите кои тогаш ќе стигнат би можеле да направат разлика“, изјави Амико.

Сезоната во шпанската лига започна, а Барселона на првиот натпревар против Бетис славеше со 6:2, Меси постигна 3 погодоци.