После шпекулациите дека Џеко денес ќе потпише за Интер се огласи и Ванда


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сопругата на Мауро Икарди имаше што да каже.

Италијанските медиуми денес ја пренесоа информацијата дека капитенот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, Един Џеко многу брзо ќе го оствари трансферот со Интер.

Џеко наводно денеска се наоѓа во Милано каде што се привршуваат последните преговори со управата на Интер пред да се потпише договорот, а заради тоа ќе доцни и на припремите за репрезентацијата кои се закажани за во 12 часот.

Секако, овие информации автоматски означуваат дека првиот напаѓач на Интер, Мауро Икарди би требало да го напушти клубот.

После информациите се огласи и сопругата на Икарди, Ванда Нара која кажа дека нејзиниот сопруг ќе остане во Интер за сигурно и во наредната сезона.

„Тој(Икарди) има договор со Интер уште две години. Намера му е да остане во клубот барем уште една сезона“, изјави Ванда во разговор за TyC Sport.

Да потсетиме дека Икарди во изминатата сезона имаше големи проблеми со управата на Интер, навивачите и тренерот Спалети. Сепак, сите проблеми се средија пред крајот на сезоната и за сега неговата иднина е непозната.

Сепак, би требало да се верува дека со доаѓањето на Џеко, Икарди би требало да го напушти клубот.