После што ја навреди Барса, Нолито откри поради што дојде во Сити


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот репрезентативни напаѓач и член на Манчестер Сити Нолито откри поради што премина на Итихад.

Тој на самиот старт на преодниот рок го замени дресот на Селта од Виго со тој од Манчестер Сити, и тогаш ја изненади шпанската јавност поради тоа што Барселона силно сакаше да стане член на таа екипа. Сепак, Нолито прво ја одби Барселона,  а подоцна го навреди каталонскиот клуб со зборовите дека попрво би ја завршил кариеарата, отколку да игра за тој клуб.

Денеска Нолито откри и што го привлече да заигра во англиската Премиер лига во екипата на Манчестер Сити.

„Ова е најдобрата можна одлука за напредок во мојата кариера. Ме контактираше Пеп Гваердиола и јас морав да дојдам овде. Тоа е човек со кого можам да направам многу работи, а ми се допаѓа и проектот кој се гради на Итихад. Не сум долго овде, а веќе чувстувам дека тука припаѓам“, рече одличниот напаѓач на репрезентацијата на Шпанија.