Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси ќе биде претставен како ново засилување на ПСЖ, откако ја напушти Барселона како слободен играч.
Навивачите на ПСЖ вчера го чекаа Меси во Париз, но Аргентинецот не дојде туку остана во Барселона за потоа да се појави информација дека двете страни се договориле за трансфер.
Новиот клуб на Аргентинецот е подготвен уште денеска да ја објави информацијата за трансферот на Меси и се очекува наскоро промоција на социјалните мрежи.
Меси во ПСЖ ќе стигне како слободен играч, а ќе потпише договор на две плус една сезона со плата од 40 милиони евра годишно.
Причина за заминување од Каталонија беше тоа што Барселона не можеше да постигне договор поради Ла Лига.