Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Андерсон Силва се збогуваше со пораз на УФЦ 181 од Хол. Со прекин во четвртата рунда на возбудливата борба, неверојатниот борец доживеа пораз, па така неславно се збогуваше.
Хол и Силва по борбата клекнаа во рингот. Тие почуствуваа дека е време да се покаже почит по тешката борба во УФЦ.
„Те сакам. И понатаму си еден од најголемите“, му кажа Хол на Силва.
Силва кажа дека ова е неговиот последен танц, иако подоцна на прашањето дали му е завршена ММА-кариерата кажа дека уште ништо не е сигурно.
„Прво морам да се вратам дома, да седнам со својот тим и ќе видиме. Тешко ми е сега да кажам. Ова го правам цел живот и со цело срце, па ќе видиме што ќе се случи“, кажа Силва.