Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Диего Марадона неодамна го имаше своето последно интервју за аргентинска телевизија, а сега се појави истото во јавност откако почина аргентинската легенда.
Марадона ја коментираше својата популарност, зборуваше за љубовта која аргентинските спортисти ја покажуваат кон својата земја, проблемите со пандемијата со вирусот и други теми.
„Ќе бидам вечно благодарен на луѓето за љубовта која ми ја покажуваат. Ме изненадуваат секој ден, тоа што го доживеав по враќањето во аргентинскиот фудбал никогаш нема да го заборавам. Понекогаш се прашувам дали луѓето и понатаму ќе ме сакаат…“, кажа Марадона.
Еден од најдобрите фудбалери во историјата кажа дека би можел да игра подолго доколку не била неговата зависност.
„Фудбалот ми ги даде сите задоволства, повеќе од што можев да замислам. А да ја немав зависноста, ќе можев многу повеќе да играм“, кажа Марадона.