Посредникот на трансферот на Осимен потврди: Ливерпул се интересираше, но за него вистинска опција е…


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Младиот нигериски офанзивец, Виктор Осимен веројатно ќе го облече дресот на Наполи откако италијанскиот клуб се договори со Лил за неговиот трансфер.

Дека за играчот имало и други заинтересирани екипи потврди и човекот кој посредувал за трансферот, Аднреа Дамико.

Дамико изјави дека и Ливерпул се интересирал за Осимен, меѓутоа посочи дека Наполи во моментов бил вистински избор за него.

„Засега се молчи за трансферот, додека не се појави бел чад. Некои работи се во процес на финализација, но не можам да кажам повеќе од тоа.

Осимен многу му се допаѓа на Гатузо.  Парот Гинтоли- Гатузо го прави Наполи се посилен и посилен. Вистинскиот чекор за Осимен е Наполи, а не Ливерпул, -изјави Дамико.