Поставен рекорд: Вртоглави цени на влезниците за натпреварот Реал Мадрид – Арсенал


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Сите кои сакаат да го следат во живо натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Арсенал ќе треба длабоко да посегнат по паричникот, доколку нивниот паричник воопшто е доволно длабок.

Еден од најинтересните двомечеви во четвртфиналето на овосезонската Лига на шампиони ќе го играат Реал Мадрид и Арсенал.

Првиот натпревар ќе се одигра на 8 април во Лондон од 21:00 часот, додека реваншот во истото време ќе биде на 16 април во Мадрид.

Според „Марка“, цените кои ги поставил Реал Мадрид за натпреварот со Арсенал претставуваат рекорд на сите времиња во историјата на клубот од главниот град на Шпанија.

За да се гледа дуелот со екипата на Микел Артета на „Сантијаго Бернабеу“, гледачот ќе треба да плати од 125 до 450 евра.

Овие бројки ги надминуваат сумите од оваа сезона, кога цените на реваншот против Манчестер Сити и Атлетико Мадрид беа меѓу 115 и 325 евра.