Постекоглу дозна катастрофални вести пред финалето на Лига Европа


Завршува сезоната: Негде се е познато, негде не се знае ништо! ↓↓↓


Фудбалерот на Тотенхем Дејан Кулушевски нема да игра во финалето на Лига Европа против Манчестер Јунајтед, бидејќи се повреди за време на викендот против Кристал Палас.

Ова е навистина голем удар за Тотенхем, имајќи предвид дека Кулушевски беше еден од клучните играчи во текот на сезоната.

Менаџерот Анге Постекоглу веќе не може да смета ниту на другиот главен креативец на тимот, Џејмс Медисон, кој исто така има повреда на коленото, а под знак прашалник е и најдобриот играч на екипата, Кореецот Сон. Уште еден играч од средината на теренот, Лукас Бергвал, веројатно нема да игра до крајот на сезоната поради повреда на глуждот.

Останатите опции во средниот ред се Родриго Бентанкур, Ив Бисума, Папе Сар и Арчи Греј.

Фото: Принтскрин