Постекоглу: Не ми е гајле што мислат во Јунајтед


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Менаџерот на Тотенхем Анге Постекоглу бурно реагираше на прашањето од новинарите на конференцијата за медиуми по пласманот во финалето на Лига Европа.

Едно од прашањата за Постекоглу беше дали пехарот од Лига Европа би можел да ја спаси сезоната на неговиот тим, како што мислат и во Манчестер Јунајтед, поради што тој бурно реагираше.

„Зошто би ме било гајле што мислат во Јунајтед? Зошто тоа е релевантно за мене? Прашајте го тренерот на Манчестер Јунајтед зошто го кажа тоа. Јас постојано велам дека ова е важно. Да бидам искрен, вие знаете подобро од мене, веројатно сте следеле повнимателно од мене. Што мислите што би донел овој трофеј на овој клуб? Одговорот се наметнува сам по себе“, вели Постекоглу.