Постигнат е конечен договор: Авионот на Меси е подготвен да полета за Париз 📸


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Остана уште официјалната потврда на трансферот на Лионел Меси во ПСЖ, откако аргентинскиот волшебник ја напушти Барселона затоа што не можеа да потпишат нов договор поради Ла Лига.

Меси по 21 година мината во Барселона, ќе замине во Париз, каде што ќе остане најмалку две сезони во ПСЖ.

По неколку дена преговори меѓу Меси и францускиот гигант, договорот бил конечно постигнат, а сега потврдна информација стигна и од „Л’Екип“.

Меси во Париз ќе стигне попладне, а на аеродромот во Париз нетрпеливо го чекаат голем број навивачи на „светците“.

И во Барселона се присутни голем број новинари, кои сакаат да добијат изјава од Аргентинецот пред заминувањето кон Париз.