Постои случај „Модриќ“: Анчелоти објасни зошто Хрватот не добива минутажа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лука Модриќ добива сè помалку минутажа во редовите на Реал Мадрид, а најголеми критики доби по мечот против Атлетико Мадрид, по што остана на клупата за резерви против Лас Палмас и Жирона.

Тренерот Карло Анчелоти кажа дека го одморил заедно со Џуд Белингам, а ова ги активираше шпанските медиуми кои пишуваат дека постои случај „Модриќ“.

„Навистина е изненадување што Лука нема минутажа како минатата сезона, но таков е фудбалот. На последните два натпревари не играше затоа што конкуренцијата е голема и некој мора да остане на клупата за резервни играчи. Не треба да се прави драма од ова“, кажа Анчелоти.