Постојат пет кандидати за замена на Тен Хаг во Манчестер јунајтед


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Иднината на Ерик тен Хаг како тренер на Манчестер Јунајтед останува неизвесна по седумчасовниот кризен состанок одржан претходно оваа недела.

Јунајтед го преживува најлошиот старт во историјата на Премиер лигата и неколку потенцијални замени за Тен Хаг се поврзани со неговата работа. Меѓутоа, поранешниот англиски селектор Гает Саутгејт ефективно се откажа од кандидатурата.

Легендата на Јунајтед, Руд Ван Нистелрој е најочигледната опција за замена на Тен Хаг, барем привремено.

Поранешниот тренер на Челси и Баерн Минхен, Томас Тухел исто така е силно поврзан со оваа улога.

Тренерот на Интер Милано Симоне Инзаги е уште еден тренер кој е поврзан со работата откако ја освои титулата во Серија А минатата сезона.

Грем Потер исто така е поврзан и има силен однос со спортскиот директор на Јунајтед, Дан Ашворт, бидејќи претходно работел со него во Брајтон.

Меѓутоа, поранешниот тренер на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер јавно истакна дека би сакал да се врати како тренер ако Тен Хаг биде сменет.

.