Потег во очај на Ливерпул: Слот не бил прв избор за тренер, но прифатил поради една причина!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арне Слот ќе биде нов тренер на Ливерпул од следната сезона, а медиумите од Холандија пишуваат како бил постигнат договорот меѓу двете страни.

Слот ќе го наследи Јирген Клоп на кормилото, но никогаш не бил прв избор на премиерлигашот. Ливерпул сакал да го ангажира Рубен Аморим, но на крајот пресудило тоа што Португалецот сакал да го менува цел тим.

„Алонсо, Аморим и Де Зерби беа главни кандидати за замена на Клоп, но не се договорија со ниту еден од нив. Последен од листата отпадна Рубен зашто сакал ремонт и поради тоа се насочиле кон Слот. Неговата игра е идентична на таа на Клоп и не би морале да прават целосна реконструкција на екипата“, вели извор од „Енфилд“.