Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Марк Андре Тер Штеген немаше многу работа на натпреварот против Манчестер Јунајтед, освен еднаш, во самиот финиш на средбата кога со фантастична интервенција спречи сигурен гол на Алексис Санчез.
За разлика од Германецот, голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Геа беше константно напаѓан од офанзивците на Барселона, а зад неговиот грб завршија дури три топки.
Вториот гол на Лео Меси беше по директна кривица токму на Давид Де Геа кој бил видно разочаран по крајот на натпреварот.
Тер Штеген откри дека по последниот судиски свиреж заминал кај голманот на Јунајтед и се обидел да го утеши.
„По натпреварот му кажав на Де Геа дека сите сме луѓе и дека тоа може да ми се случи и мене и на секој друг. Вистината е дека ми требаше малку време за да го прославам голот, затоа што тој игра на истата позиција како мене и јас можев да ја почувствувам неговата болка. Сепак, животот ќе продолжи“ –истакна Марк Андре Тер Штеген.