Потег за пример: Меси уште еднаш докажа зошто е голем човек!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Лионел Меси објави порака на социјалните мрежи во која потврди дека сите играчи на Барселона ќе се откажат од 70 проценти од своите плати.

Пандемијата на Ковид-19 направи хаос во цела Европа, а многумина поради тоа останаа без својата работа. Уште сега се гледа дека ќе биде голем удар за економијата, а посебно тоа ќе се забележи во фудбалскиот свет.

Во претходните години гледавме трансфери вредни повеќе од 100 милиони евра, но најверојатно ништо повеќе нема да биде исто. Клубовите најавија големи загуби затоа што сезоната е прекината, па уште не е познато кога ќе продолжи.

Меси ја искористи оваа шанса да ја критикува управата на Барселона, која врши голем притисок на фудбалерите поради намалување на платата.

„Прво сакам да објасниме дека ова е наша желба од почетокот за да се намалат платите затоа што разбираме во каков проблем се наоѓаме сите. Секогаш сме биле први кои му помагале на клубот кога тоа било побарано од нас“, напиша Меси меѓу другото на Инстаграм.