Потер добивал закани по животот од навивачите на Челси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Навивачите на Челси ги преминале сите граници и му се заканувале на тренерот Грем Потер и неговото семејство поради лошите резултати на клубот.

Челси игра ужасно под водство на Потер, кој добива поддршка од раководството на клубот, но очигледно навивачите не се среќни поради тоа.

Некои навивачи ја надминале секоја граница и му се заканиле на тренерот Потер, кој случајот го пријавил во полиција.

„Колку што имам поддршка, толку имам и лоши мејлови со закани. Сакам да бидам успешен со Челси. Кога одите на работа и некој ве навредува, нема да ви биде убаво. Добивам закани по својот живот и животот на семејството“, вели Потер.