Потер ја преземе одговорноста за поразот од Астон вила: Мора да бидеме подобри против Ливерпул!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси игра катастрофално оваа сезона под водство на тренерот Грем Потер, а вчера загуби од Астон вила со 0-2 во Лондон и така падна на 11. место во Премиерлигата.

По натпреварот, Потер кажа дека нема време за тагување и мора да се подобрат за дуелот против Ливерпул.

„Нивниот прв гол нè разочара, но имавме и добри моменти во играта. Мора да ја прифатиме ситуацијата и да продолжиме понатаму. Јас сум виновен за поразот. Сепак, немаме време за тагување и мора да бидеме подобри против Ливерпул во вторник“, кажа Потер.