Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Челси одигра 2-2 против Евертон и така пропушти можност да се приближи на топ-4 позициите во Премиерлигата, а тренерот Грем Потер не беше среќен со прославата на Каи Хаверц.
Хаверц постигна гол од пенал за 2-1, по што реши да го провоцира голманот Џордан Пикфорд со неговата прослава, но тоа на крајот скапо го плати зашто Евертон израмни на 2-2.
„Кога фудбалерите постигнуваат голови, секој има различна прослава. Треба да уживате во неа, а не да го провоцирате противникот. Тоа е мое мислење на оваа тема“, кажа Потер.