Потер не ги гледал пеналите на Хаверц – му било стресно!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Челси славеше со 2-0 против Борусија Дортмунд и обезбеди место во четвртфинале на Лигата на шампиони (ЛШ), а ова е уште еден добар резултат за тренерот Грем Потер кој во изминатиот период беше во катастрофална серија.

Потер по натпреварот зборуваше за притисокот со кој се соочил во изминатиот период бидејќи навивачите бараа негова оставка, а потоа даде коментар и за пеналите на Каи Хаверц.

„Да бидам искрен, не го видов тоа најдобро. Знам дека некој влегол предвреме во казнениот простор. Понекогаш се случуваат такви работи. Хаверц го издржа притисокот. Не гледав кога шутираше, но бев воодушевен од навивачите. Изведувањето на пенали не е за мене затоа што ми е стресно“, вели Потер.