Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Челси за 100 милиони евра пред неколку дена го купи украинскиот фудбалер Михаил Мудрик, кој дебитираше против Ливерпул (0-0).
Мудрик со неколку потези ги воодушеви навивачите и делува дека ќе биде големо засилување за екипата од Лондон.
Тренерот на Челси, Грем Потер кажа дека го оставил Украинецот на клупата затоа што долго време правел пауза и не сакал да ризикува со него.
„Мудрик не играше од ноември, затоа тоа беше ризик. Не играше фудбал долго време. Не смеевме да ризикуваме, но мислам дека сите го видовте неговиот квалитет. Мудрик ја разбира играта и ќе се прилагоди“, кажа Потер.