Потер се договори со човек кој ќе изгради најмоќен Челси во историјата!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Граам Потер неодамна седна на кормилото на Челси и почна со реми против Салцбург во Лигата на шампиони (ЛШ), па му претстои тешка задача да ги реши проблемите во гигантот.

Тренерот почна да составува план за јануари, па веќе бира и засилувања, но претходно реши да ангажира човек кој ќе му помогне да изгради најмоќен тим во историјата.

Нов спортски директор на „сините“ ќе стане Кристоф Фројнд, кој ги договори личните услови со гигантот, а тој е познат како човек кој ги откри Ерлинг Халанд, Садио Мане, Дајот Упамекано, Бенјамин Шешко и други.

Планот на раководството на Челси е да ангажира млади таленти кои ќе треба да ја преземат главната улога во екипата.