Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Една од најблескавите млади ѕвезди во шпанскиот фудбалски свет, Ламин Јамал, вечерва официјално ја потврди својата иднина во Барселона така што потпиша нов долгорочен договор, кој ќе трае до јуни 2031 година.
Каталонскиот гигант веќе долго време се ангажираше во обновување на договорот на овој вонредно талентиран офанзивец, а сега нивните напори се крунисани со успех. Неофицијално, новиот договор му носи на Јамал годишна заработка од околу 20 милиони евра, што ја покажува почитта и вербата кои клубот ги има во неговите способности и придонес.
Иако има само 16 години, досега Јамал остави зад себе значајно фудбалско искуство, одигрувајќи 106 натпревари за првиот тим на Барселона. Во овие натпревари постигна 25 голови и асистираше 34 пати. Во актуелната сезона, тој особено се истакна, играјќи витална улога во освојувањето на повеќе значајни трофеи за неговиот клуб.
Фото: Принтскрин