Потпиша преддоговор со Барса, а ќе заврши во Реал Мадрид


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Реал Мадрид ќе му уништи на големиот ривал Барселона важна зделка. „Кралевите“ се многу блиску до потписот на португалскиот фудбалер Бернардо Силва.

Бернардо Силва наскоро ќе стане нов играч на Реал Мадрид. Извори блиски до „кралскиот“ клуб истакнуваат дека договорот е многу блиску до реализација и дека сè наскоро ќе стане официјално.

“Бернардо Силва е многу блиску до потпис со Реал Мадрид”, истакна шпанскиот новинар Хосе Феликс Дијаз, а мадридскиот весник AS наведува дека Жозе Мурињо лично го завршил договорот.

“Многу е блиску до потпис. Клубот реши да го донесе и тоа како приоритет.”

“Жозе Мурињо лично го повика. Му кажа дека го сака во својот тим. Поради тоа ги паузирал преговорите со Барселона и Атлетико Мадрид.”