Потрес во НБА: Вестбрук го напушти Хјустон!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Минатата ноќ во НБА-лигата се случи голем трејд, откако ѕвездата на Хјустон, Расел Вестбрук се пресели во Вашингтон визардс.

Вестбрук неодамна соопшти дека не е задоволен во Хјустон и дека сака да го напушти тимот, па сега управата му ја исполни желбата.

Вестбрук се пресели во Вашингтон во замена за Џон Вол и пикот од првата рунда на НБА-драфтот.

Поранешниот кошаркар на Хјустон во просек постигнуваше по 27,9 поени, 7,9 скокови и седум асистенции по меч.

Вол се враќа на теренот по две тешки операции, а овој одличен кошаркар последниот меч во НБА го одигра пред точно две години.