Потресно: Последната слика на Коби и ќерка му еден ден пред хеликопстерскиот пад (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Светот уште не може да ја прифати загубата на прославениот американски кошаркар Коби Брајант, кој почина во пад на хеликоптер во Калифорнија, а притоа животот го загубија уште осум лица, меѓу кои и ќерка му Џина Марија.

Џина тренираше кошарка и имаше голема желба да се пробие до женската НБА-лига, а може да се каже дека била на добар пат.

Популарниот американски магазин „ТМЗ“ објави фотографии од Коби и Џина од последниот меч, кој го одигра 13-годишното девојче. Коби седеше покрај теренот и ја користеше секоја шанса за да даде совет на неговата ќерка.

Голем број спортисти се огласија по трагедијата и се збогуваа со легендарниот кошаркар.