Потврда од Италија: Серија А ќе продолжи, но без публика!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Италијанскиот министер за спорт, Винченцо Спадафор потврди дека првенството во Серија А ќе продолжи, но без присуство на публика.

Италија е погодена од коронавирусот и поради тоа голем број натпревари и спортски случувања беа откажани.

Откако се постави прашањето дали ќе продолжи италијанскиот шампионат, клубовите организираа состанок со министерот за спорт и беше постигнат договор.

„Првенството ќе продолжи, но без присуство на публика. Ќе се обидеме да одржиме спортски активности и во ист момент ќе го заштитиме здравјето на навивачите“, кажа министерот.

Па така на натпреварите следниот викенд ќе се игра без присуство на публика, а откажаните дуели ќе добијат свои нови термини.