Потврдено: Манчестер Јунајтед испратил понуда до Џек Грилиш


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот тренер на Астон Вила, Алекс Меклиш откри дека Манчестер Јунајтед испратил понуда до сега првата ѕвезда на клубот, Џек Грилиш.

„Ѓаволите“ ги следеле настапите на тогаш 16 годишниот тинејџер кој настапуваше во младинските категории на клубот од Бирмингем и испратил и понуда за да го донесе во своите редови.

„Во тој момент почувствувавме дека некој го притиска да си замине од Астон Вила. Токму затоа го зедовме во првиот тим. Тој беше најдобриот млад играч кој доаѓаше од академијата.

Кога игравме против Манчестер Јунајтед слушнавме дека тој бил во ресторан со неговиот агент кој се обидувал да го однесе во Манчестер Јунајтед.

Бевме алармирани со тоа и се боревме за да го задржиме. Знаевме дека ја сака Астон Вила, исто како неговиот татко. Зборувавме со нив затоа што тие се многу фини луѓе. Побараа нешто, клубот им го овозможи и на крај сите бевме среќни. Џек остана во Астно Вила што е одлично затоа што гледаме во каков играч прерасна во својот клуб од детството“ –изјави Меклиш.