Потврдено – Миктаријан ќе потпише за англискиот гигант


Роналдо и со 39 години ја предводи Португалија! ↓↓↓


Ерменскиот фудбалер, Хенрик Миктаријан во следните неколку дена ќе биде нов фудбалер на Манчестер Јунајтед.

Шпекулациите добија и потврда на официјалниот сајт на Дортмунд каде беше соопштено дека 27-годишниот фудбалер ќе се пресели на Олд Трафорд.

Директорот на Борусија, Ханс Јоаким Вацке изјави дека понудата е добра и дека Миктаријан изразил желба да си замине. Неговиот договор важи до 2017-та година и Ерменецот не сакаше да продолжи, па ова беше последна шанса на Дортмунд да заработи.

Миктаријан стигна во Дортмунд во 2013-та година од Шахтјор.