Потврдено враќањето на Ѓоковиќ на тениските терени


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се враќа на турнирот во Индијан Велс, потврдено е со објавата на организаторите на првиот мастерс во сезоната.

Ѓоковиќ, по настапот на Австралија опен, каде што стигна до финалето во кое беше поразен од Карлос Алкарас, одлучи да направи пауза пред следните предизвици.

Во меѓувреме, присуствуваше на Зимските олимписки игри, а потоа го откажа учеството на турнирот во Доха.

Организаторите на турнирот во Катар соопштија дека причина за отсуството беше прекуморноста на 38-годишниот тенисер.

„Легендата се враќа. Дваесет години по дебито, Новак Ѓоковиќ се враќа во ‘тенискиот рај'”, се наведува во објавата од организаторите на мастерсот во Индијан Велс.

Српскиот тенисер пет пати го освојувал трофејот во Калифорнија, последен пат во 2016 година, и заедно со Роџер Федерер го дели првото место по бројот на титули на тој турнир.