Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Актуелниот шампион на Англија, Лестер го продолжи договорот со Џејми Варди.
Фантастичниот напаѓач се поврзуваше ова лето со трансфер во Арсенал, но од тоа нема да биде ништо.
Варди се одлучи на останување во Лестер. Потпиша нов 4-годишен договор.
Официјалниот потпис ќе биде ставен после завршувањето на ЕП.
Минатата сезона Варди на 38 натпревари постигна 24 погодоци и ги однесе лисиците до титулата.