Повеќе од милион луѓе сакаат да го испратат Марадона!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Целиот свет тагува по фудбалскиот бог Диего Армандо Марадона, а најтешко им е на неговите сонародници во Аргентина, кои вчера се збогуваа со легендата.

Денеска се појави информација дека на испраѓањето на Марадона во Буенос Аирес ќе се појават повеќе од милион луѓе. Бројката не е официјална, но Владата процени дека станува збор за повеќе од милион луѓе кои ќе ја испратат легендата.

Во Зградата на Владата ретко се одржуваат вакви испраќања, а проблем овој пат прави ковид-19.

„Се ќе биде организирано за да не дојде до преголем број на луѓе во една просторија или затворено место“, кажа претседателот на Аргентина, Алберо Фернандез.