Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид доби нови лоши вести по киксот во Ла Лига (2-2), затоа што се очекува пауза за францускиот напаѓач Карим Бензема, кој мораше да го напушти теренот порано поради повреда.
Французинот ја напушти играта, а на теренот влезе српскиот фудбалер Лука Јовиќ, но повеќе го загрижува тренерот Карло Анчелоти тоа што се ближи пресметката со ПСЖ во Лигата на шампиони (ЛШ).
Реал гостува кај ПСЖ на 15 февруари во осминафиналето на натпреварувањето, а уште не е познато колку ќе паузира Бензема и дали ќе биде достапен за мечот.
„Мораме да направиме прегледи со Бензема. Се надевам дека брзо ќе се врати во тимот“, кажа Анчелоти по мечот против Елче.
Реал следниот дуел го игра во четвртфиналето на шпанскиот Куп против Атлетик Билбао во четврток, а Јовиќ ќе добие шанса во нападот.
Carlo Ancelotti on Karim Benzema's injury: "We have to evaluate Karim tomorrow. Hopefully we can get him back soon."
— GOAL (@goal) January 23, 2022
Real Madrid play PSG on February 15 😰 pic.twitter.com/fHNOHUxW6M