Повреда во Ливерпул и нова “главоболка” за Слот


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерот на Ливерпул Џереми Фримпонг ќе биде надвор од терените неколку недели поради повреда, соопшти клубот.

Репрезентативецот на Холандија се повреди во средата за време на натпреварот против Карабах (6:0), во последното коло од Лигата на шампионите.

Ќе отсуствува неколку недели, но не е толку лошо колку што мислевме. Така што, тоа е нешто позитивно од нешто што не е позитивно“, изјави менаџерот на Ливерпул Арне Слот.

Ливерпул директно се пласираше од третото место во осминафиналето на Лигата на шампионите, а вечерва во 21 часот го дочекува Њукасл во 24. коло на Премиер Лигата и ќе се обиде да ја прекине серијата од пет меча без победа во лигата.

Веќе мислевме дека секој период е клучен, тоа не се промени. Што повеќе се приближувате кон крајот, толку помалку можности имате да направите грешка. Сега сме во позиција каде што не смееме да си дозволиме грешки, направивме премногу“, рече Слот.

Пред натпреварот со Њукасл, актуелниот шампион е на шестото место на табелата со 36 бодови, 14 помалку од водечкиот Арсенал.