Повредата на Куртоа е покомплицирана од што се очекуваше!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа сè уште не се врати на тренинг, иако се очекуваше такво нешто по натпреварот против Осасуна (1-1).

Куртоа требаше да застане меѓу стативите уште на натпреварот против Шахтјор во Лигата на шампиони (ЛШ), но сепак Белгиецот очигледно ќе го пропушти и тој дуел.

Причина за тоа е да биде подготвен за „Ел Класико“ на 16 октомври, но Куртоа има повреда на грбот и секојдневно работи со медицинскиот тим и се надева на добри вести.

Во негово отсуство, меѓу стативите во дуелите против Шахтјор и Хетафе ќе биде Украинецот Андриј Лунин.

Шпанскиот шампион во среда игра против Шахтјор од 21 часот,а  во истиот термин во сабота гостува кај Хетафе.