Повредата на Родриго ќе му даде нова шанса на Јовиќ во Мадрид?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Родриго се повреди и ќе паузира најмалку три месеци, а тоа го потврдија шпанските медиуми.

Реал Мадрид влезе во одлична форма, но повредата на Родриго сигурно ќе му создаде главоболки на тренерот Зинедин Зидан.

Сепак, дел од шпанските и српските медиуми пишуваат дека ова ќе му даде нова шанса на напаѓачот Лука Јовиќ, кој би можел да добие поголема минутажа.

Јовиќ пристигна како големо засилување од Ајнтрахт Франкфурт, но разочара со досегашните настапи во Мадрид, па затоа често се шпекулира дека ќе биде продаден или испратен на позајмица во друга екипа.