Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во саботата загуби меч за бронзен медал, па поради повреда се повлече од дуелот за трето место во мешани двојки.
Ѓоковиќ ѝ се извини на цела држава, а на лицето можеше да му се забележи дека е разочаран, иако Англичаните веднаш ја искористија оваа ситуација да го нападнат.
Србинот немаше нерви во борбата за бронза затоа што фрли рекет на трибини, па потоа скрши еден од теренот.
Познатиот англиски новинар, Пирс Морган жестоко го нападна Ѓоковиќ поради неговото однесување на теренот.
„Ѓоковиќ на Олимписките игри се однесуваше како патетично и разгалено дете. Ги разочара своите соиграчи, навивачи и Србија. Срамота!“, кажа Морган.
Pathetic spoiled brat behaviour by Novak Djokovic at the Olympics today – smashing racquets, ranting & raving, & pulling out of the doubles thus costing his partner a medal. He let his teammates down, his fans down, & his country down. Shameful antics from a supposed champion. 👎 pic.twitter.com/YXC0TI8moC
— Piers Morgan (@piersmorgan) July 31, 2021