Познат датумот за старт на новата сезона во НБА

Здружението на НБА кошаркари имаше состанок по кој соопшти дека бордот претставници на играчи го одобрил 22 декември како датум за почетокот на новата сезона во НБА-лигата.

Во регуларниот дел од сезоната се очекува да се играат 72 натпревари, а треба да се договорат и финансискиот дел за кошаркарите, односно нивните плати и бонуси.

„За останатите детали сега ќе преговараме, очекуваме договор да биде постигнат за сите деликатни прашања и предизвици кои се пред нас“, соопштија од Здружението на кошаркари.

Се очекува наскоро НБА и официјално да потврди дека новата сезона ќе започне на 22 декември, наместо на 18 јануари како што шпекулираа голем број американски медиуми.