Познат дресот на Реал Мадрид за следната сезона – има една чудна промена! (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сезоната во Шпанија, како и во останатите држави е прекината поради вирусот, а на социјалните мрежи веќе може да се забележат дресови и за следната сезона за дел од клубовите.

Популарниот сајт, кој често ги објавува дресовите и речиси никогаш не греши, сега го претстави новиот дрес на „кралевите“ за сезоната 2020/21.

Првата гарнитура останува во бела боја, а ново е тоа што на ракавите има „животинска текстура“, вториот дрес ќе биде розев, како и во 2014/15, а најнеобичен е третиот дрес со кој Реал Мадрид ќе игра само на неколку дуели.