Познат е целиот костур на Евробаскетот: Србија ја чека пекол до крајот


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Со завршувањето на последните две натпревари во групите C и D, завршена е целата групна фаза, а истовремено се познати и сите парови на осминафиналето на Евробаскетот.

По борбите во Рига, Тампере, Лимасол и Катовице, најдобрите 16 селекции на Европа се селат во главниот град на Летонија, каде што на 14-ти септември ќе добиеме нов шампион на “стариот континент”.

Тоа е сосема сигурно, бидејќи бранителот на титулата Шпанија го заврши натпреварувањето вечерва веќе во групната фаза.

Поразот од Грција, “фуријата” е елиминирана, а еден од кандидатите за празниот трон е и Србија.

Меѓутоа, поразот на “Орлите” од Турција ја закомплицира ситуацијата и ги испрати во вториот дел од костурот, каде ги чека многу потежок пат до финалето.

Фото: Принтскрин